fbpx

8 МАРТ РИЈЕКА | ХРВАТСКА НА ДЛАНКА

8 МАРТ РИЈЕКА | ХРВАТСКА НА ДЛАНКА

Поаѓање во 19.00 часот од Скопје на паркингот кај хотел Вип со туристички автобус. Организирани поаѓања со доплата од Гевгелија, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Загреб.

Пристигнување во Загреб во предпладневните часови.

Следува панорамско разгледување на градот каде ќе се видат многубројни културно-историски знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија…

Следува разгледување со локален туристички водич на Горниот дел од градот: посета на Загребачката Катедралата, пазарот Долац, Камената порта, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак.

Посета и разгледување и на Долниот дел од градот, цветниот плоштад, православната црква Свето Преображение, плоштадот Бан Јелачиќ каде заедно со цветниот плоштад се совршени места за загребачко кафе. Слободно време за индивидуални прошетки.

Попладне заминување за Ријека, идеална туристичка дестинација, градот на торпедата и бродовите. Сместување во хотел Neboder 3* и хотел Continental 3* во центарот на Ријека, слободно време за прошетка по Ријечкото корзо-омилено шеталиште на граѓаните каде најдобро ќе го осетите духот и ритамот на градот. Вечера. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се заминува на факултативен излет до Опатија и Пула со локален туристички водич. Опатија е град сместен во заливот Кварнер, богат со културни и забавни настани, модерна туристичка дестинација со најдолга традиција во хрватскиот туризам. Повеќе од 170 години е домаќин на туристи од целиот свет, а бујната вегетација и пријатната клима се главните причини за стартот на туризмот и неговиот брз развој во овој град кој уште го нарекуваат и „Бисер на Јадранот“. Разгледување на шеталиштата, плажите, старите Австроунгарски вили, посета на паркот Св. Јаков во центарот на Опатија, изграден 1845-1860 година кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба -црквата Св.Јаков кој датира од 15 век.

После слободното време, запознајте ја Пула со локалниот туристички водич, најголемиот град на Истра. За турбулентната историја на овој град сведочат бројните глетки кои можат да се видат на секој чекор. Традицијата и културата проникнуваат низ улиците на градот. Во римско време, Пула била важен центар и пристаниште. Најпознатиот сведок на античкото минато и симболот на Пула – амфитеатарот, односно арената Пула. Панорамско разгледување: Арката на Сергиј, Храмот на Август, Градското собрание, капелата Св. Марија Формоза, православна црква Св. Никола, Мал римски театар, двојни порти и градски бедеми, градби од австриска архитектура…

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Појадок. По појадокот заминување за Плитвичките езера, кои се сместени во истоимениот национален парк и представуваат своевиден бисер на Балканот, во кој се наоѓаат 16 езера од различни величини исполнети со кристална чиста вода. Езерата се меѓусебно споени со каскади и водопади од каде потекнува изворот на реката Корана. Природната целина на Плитвичките езера, прогласена е за национален парк на Хрватска во 1949 година, а од 1979 година се наоѓа и на листата на УНЕСКО. Нивно разгледување (комбинирано разгледување на езерата, движење пеш, со брод или возење со воз)….

Заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

8 МАРТ РИЈЕКА | ХРВАТСКА НА ДЛАНКА | ЗАГРЕБ – ОПАТИЈА – ПУЛА – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

199 €

(12.300 мкд)

превоз и хотелско сместување

8 МАРТ РИЈЕКА | ХРВАТСКА НА ДЛАНКА | visa
8 МАРТ РИЈЕКА | ХРВАТСКА НА ДЛАНКА | mastercard
8 МАРТ РИЈЕКА | ХРВАТСКА НА ДЛАНКА | mastercard 1
Во цената се пресметани следните услуги:
Во цената не се пресметани следните услуги:
Напомена:

ПОНУДИ ЗА 8 МАРТ 2024

Регистрирај се и добивај понуди и информации по е-пошта

email offers