fbpx

Солун нова година 2024 Паралија - Литохоро - Катерини

НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ ВО СОЛУН И КОСМОС

ГРАТИС ИЗЛЕТ ДО ВОДЕН ВОДОПАДИТЕ

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус.

Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула...

Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski, посета на еден од големите шопинг центри Cosmos Mediteranean ( можност да се искористат новогодишните попусти).

Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини.

Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини - живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера.

Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки.Враќање во Паралија.

Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Новата 2024 година. Ноќевање.

Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот.

Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал.

Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода.

Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

109 €

(6.700 мкд)

превоз и хотелско сместување

Солун нова година 2024 Паралија - Воден - Литохоро - Катерини | visa
Солун нова година 2024 Паралија - Воден - Литохоро - Катерини | mastercard
Солун нова година 2024 Паралија - Воден - Литохоро - Катерини | mastercard 1

Во цената се пресметани следните услуги:

Во цената не се пресметани следните услуги:

Напомена за Солун нова година 2024 Паралија:

Солун нова година 2024 Паралија

Регистрирај се и добивај понуди и информации по е-пошта

email offers