За АРКА

Организирање на индивидуални и групни патувања, ученички и студентски екскурзии, организирање на конгреси и семинари, резервација и продажба на авио билети и патнички осигурувања се дејности со кои се занимава Туристичка агенција АРКА.

Препознатлива е по својот верен, љубезен и квалификуван кадар кој е спремен да излезе во пресрет и да ги исполни барањата на пребирливите клиенти. Доказ за тоа се задоволните клиенти кои веќе долги години ги користат нашите услуги како и нашите долгогодишни деловни партнери со кои успешно соработуваме.

За АРКА, идејата е Македонија повторно да стане интересна дестинација за странските гости кои со наша помош ќе ги откријат нејзините повеќе или помалку познати природни убавини.

На гостите им нудиме комплетен сервис, од хотелски и приватни сместувања, помош при патување, индивидуални и групни разгледи со стручни (лиценцирани) водичи, организација на специјални тури…

Туристичка агенција АРКА
За АРКА

2002 ГОДИНА

Во март е основана Туристичката агенција АРКА – Г со седиште во Скопје. Од самиот почеток се каректеризира со сериозен пристап во работењето и постојан растеж и докажување во сите сфери од областа на туризмот за во денешно време да прерасне во една од водечките агенции во Р. Северна Македонија.

2005 ГОДИНА

Од април месец, Арка е член на ИАТА со код бр:76 – 3 – 2044 0 и постојан член на СКТМ (здужение на туристичките агенции).

2003 ГОДИНА

Според новиот закон за туризам, агенцијата доби А лиценца за туроператори од Министерството за економија.

2007 ГОДИНА

Во изминатите години заедно со растежот на агенцијата растеше и стремежот за промоција на природните богатства на нашата земја надвор од нејзините граници и се ориентиравме кон остварување на овие стремежи. Како резултат на тоа во јануари беше отворена нашата подружница во Охрид.

Ние работиме и постоиме само за Вас!

Ви благодариме што ни ја давате Вашата доверба!