Имајќи ја предвид актуелната состојба на прогласена пандемија на светско ниво, а поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), туристичката агенција Арка – Г Дооел Скопје со големо жалење донесе одлука за ЦЕЛОСНО ОТКАЖУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА на сите туристички аранжмани за престојните пролетни патувања, како и сите летни аранжмани за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно до 30 септември 2020 година.
Владата на Р.С.Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.
За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.
Вредносниот ваучер се издава на носителот на договорот. Истиот се прави во 3 (три) примероци, еден за потписникот на договорот, еден за агенцијата (носител на аранжамнот) и еден за Министерство за економија.
Вредноста на ваучерот ќе биде на уплатениот износ од страна на клиентот кај субагентот.
Доколку субагентот го нема подмирено задолжувањето за соодветниот аранжман, ваучерот нема да биде издаден. За да биде издаден ваучер, субагентот е должен во најкраток можен рок да изврши уплата на износот кој клиентот го има уплатено кај субагентот.
Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот). Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).
За потребите на издавање на ваучер, Ве замолуваме во тековнава недела да ни доставите податоци за носител на ваучер по број на пријава /договор кој е наведен во фактурата.
По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, Tуристичка агенција АРКА под нови услови ќе ја објави новита понуда за аранжмани – Лето 2020 година.
По објавувањето на новата понуда ќе може да се прават нови резервации за кои ќе се искористат вредносните ваучери.