fbpx

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

1. СОДРЖИНА НА ПАТУВАЊЕ

Организаторот на патување гарантира реализација на аражманот според описот во програмата. Содржината на аражманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди и слично)

2. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ

Пријави за секое патување се врши до пополнување на местата, со уплата на аконтација назначена на секоја поединечна програма. Пријавите можат да се извршат во агенцијата АРКА и во сите агенции овластени за продажба на овие програми. При пријавување на купувачотуплаќа аванс од 20% од вредноста на аражманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 14 дена пред реализација на аражманот. При пријавувањето на патникот потпишува пријава-договор со назнака Изјавувам дека сум запознат со програмата и Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам со што Општите стануваат правна обврска за организаторот и патникот.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во соодветна валута во програмата. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аражманот во случај напромена на цените нахотелските, превозните и другиуслуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на два дела). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата.

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите е под надзор на локалните туристички организации, стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за каква усмена или писмена информација која не е во согласност со описот науслугите во оваа програма.

5. ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ПРАВО НАОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот на нереализираните услуги. Организторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализација на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна 8 дена од денот на откажувањето.

6. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ представува основа за пресметка на и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%
  • за отказ од 29 до 22 дена пред патување 20%
  • за отказ од 21 до 15 дена пред патување 25%
  • за отказ од 14 до 08 дена пред патување 50%
  • за отказ од 07 до 01 дена пред патување 90%
  • ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот.

Во случај на отказ на веќе потврдената резервација, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. Доколку патникот го менува терминот на поагање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на предходно потврденото поагање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во висина од 500 МКД. Доколку патникот се откажува од патувањето поради причини кои неможел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода, воена обвска и сл.) , а врз основа на важечката потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реални трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот.

7. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата и одговара за евентуалното неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговара според позитивните прописи и мегународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото оддление на странската земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот не ги плаќа дополнителнитетрошоци.

8. OБВРСКИ НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здраствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превознитесредства, и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кој се патува во транзит) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кој патува.

9. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз до 15 кг багаж на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чартер превоз, е дозволен бесплатен багаж од една патна торба до 20кг по патник. За секој килограм односно патна торба , преку дозволеното се плаќа во зависност од дестинацијата на патувањето. Децата до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобус немаат право на бесплатен багаж. Багажот се превезува на ризик на патникот, поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај осигурително друштво. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености во хотелот (препорачуваме наем на сеф).

10. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здраствена институција и да ги почитува здраствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Препорачуваме здраствено осигурување во случај на болест или незгода за време на престојот во странство, кај осигурително друштво.

11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколку купувачот не договорил соба/апарман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишан во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и сл.) но неможе да гарантира исполнување на таквото барање. Сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето насобите до 10:00 часот, доколку во куќниот ред не е поинаку назначено.

12. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на сразмерно обештетување доколку приложи писмен приговор. Секој патник-носител(потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договорот врзоснова наеден приговор.
Постапка за поднесување на приговор:

  • Веднашна самото место патникот ја рекламира неадекватнатауслуга кај претставникот на организаторот, а доколку го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
  • Ако причината за рекламација не биде отстранета , патникот за тоа составува со претставникотписмен приговор(записник).
  • Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот и ја приложува писмената потврда (записник) потпишан од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителните трошоци. Организаторот ке ги прими во процедура само потполно документарните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
  • Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверката на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
  • Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми.
  • Највисока надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа неможе да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Co ова се ислкучува правото на купувачот за идеална штета.
13. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во смисла на точка 13. Од овие услови, купувачот на услугите од одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право на побара дополнителна арбитража од страна на АТАМ или од страна на надлежниот Суд во Скопје.