8 МАРТ АТИНА

8 МАРТ АТИНА ПЕЛОПОНЕЗ ПИРЕЈА СУНИОН

8 МАРТ АТИНА

Поаѓање во 20.00 часот од Скопје на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ и Гостивар со туристички автобус. Патот води на граничен премин Богородица, со попатни одмори до Атина.

 

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Следува панорамско разгледување на Атина со локален туристички водич: плоштадите Омонија (еден од најстарите плоштади во градот и важен трговски центар каде се вкрстуваат шест улици) и Синтагма околу кои се наоѓа центарот на модерна Атина и зградата на грчкиот парламент која представува и туристичка атракција поради познатата “смена на стража“ пред споменикот на Непознатиот херој, Хадријановата порта, Зевсовиот храм и стариот Олимписки стадион, минувајќи покрај Атинската триологија, Библиотеката, Универзитетот и Академијата. Сместување во хотел. Слободно време. Попладневна и вечерна прошетка до плоштадите Монастираки и Плака кој се опкружени со голем број традиционални ресторани и продавници – антикварници, продавници за сувенири и бутици. Сместување во хотел. Ноќевање.

Појадок. По појадокот можност за посета на Акропол, некогашниот дом на боговите а денес гордо стои над модерна Атина. Тој е дом на најпознатите храмови на Античка Грција – Партенон, Ерехтеон (со неговите познати Каријатиди) и Храмот на Атена Ника. Се продолжува на факултативен излет со туристички водич кон Пиреја-најголемото грчко пристаниште и ’Ртот Сунион. Можност за слободно време и релаксација со кафе и прекрасен поглед на пристаништето. Попатно ќе поминеме низ Глифада, еден од најбогатите квартови со многу продавници и ресторани, познат и како луксузен центар на „Атинската ривиера“ каде што богатите Атињани имаат свои резиденции па се до ’ртот Сунион, кој легендарниот Хомер во својата „Одисеја“ го опишува како свето место, а на чиј врв се наоѓа еден од најголемите археолошки знаменитости во Грција, познатиот храм на Посејдон со прекрасен поглед на Егејското Море. Попладне враќање во Атина. Слободно време. Ноќевање.

Појадок. После појадокот следува целодневен факултативен излет до Пелопонез со локален туристички водич. Посета на Коринтскиот канал кој го поврзува Егејското со Јонското море. Се продолжува до Епидаурус кој е познат како родно место на синот на Аполон. Посета на најакустичниот антички амфитеатар од 4 век п.н.е.
Продолжуваме кон Нафплион, мал град кој има венецијански шарм во комбинација со грчка традиција и убавина a се наоѓа во Арголискиот залив на североисток од Пелопонез. Интересен е и фактот дека бил првиот главен град на модерната грчка држава пред Атина, па во градот можете да ја видите и зградата на првиот грчки парламент, главниот плоштад „Синтагма“, зградата на Археолошкиот музеј, вториот плоштад „Три Адмирали“, каде што има неколку знаменитости како што се Градското собрание, Воениот музеј… Во стариот дел од градот има неокласични згради, со шарени балкони полни со цвеќиња, а под нив интересни продавници, кафулиња и таверни. Следува посета на Микена, тврдина и град од бронзеното време, центарот на микенската култура. Според легендите, седиште на митскиот крал Агамемнон кој ја водел грчката војска во војната со Троја. Враќање во Атина. Слободно време или можност за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Појадок. Рано напуштање на хотелот и заминување за Македонија со попатна посета на Метеора – православна манастирска населба, сместена во близина на градот Каламбака во Тесалиската рамнина. Манастирите се познати по својата необична положба на карпите и се сметаат за највредна група манастири во Грција по Света Гора. Вкупно има 6 манастири, четири машки и два женски: Преображење, Варлам, Свети Никола Анапавсис, Русана, Света Троица и Свети Стефан, и се вбројуваат на листата на културното наследство на УНЕСКО. Посета на градот Калампака и работилница за рачна изработка на икони и сувенири. Слободно време. Во доцни попладневни часови заминување кон Скопје/Гостивар. Пристигнување следниот ден во раните утрински часови.

225 €

(13.900 мкд)

превоз и хотелско сместување

8 МАРТ АТИНА | visa
8 МАРТ АТИНА | mastercard
8 МАРТ АТИНА | mastercard 1
Во цената се пресметани следните услуги:
Во цената не се пресметани следните услуги:

Напомена за 8 МАРТ ТЕМИШВАР:

+389 2 3290 414 / +389 2 3123 125