8 МАРТ ТЕМИШВАР - АРАД - ТЕРМЕ АМАЗОНИА
- 2 Ноќевања со појадок во хотел 3* во Темишвар
- Разгледување на Темишвар со туристички водич
- Автобуски превоз до дадена релација
- Факултативна посета на Арад со туристички водич
- Факултативна посета на бања (терме) Амазониа
- 1 ден: 5.3.2026
- 2 ден: 6.3.2026
- 3 ден: 7.3.2026
- 4 ден: 8.3.2026
8 МАРТ ТЕМИШВАР – АРАД – ТЕРМЕ АМАЗОНИЈА
Ако ги заборавиме предрасудите за Романија, средбата со Темишвар ќе биде средба со елементи на неочекуваното и изненадувачкото. Ќе се изненадите кога ќе го видите градот кој го оправдува својот прекар „мала Виена“. Ако очекувате туристички атракции, блескав ноќен живот, врева и возбуда, нема да го најдете. Темишвар е мирен и освежителен, нудејќи Ви засолниште од стресот. Романтични прошетки и пиење кафе со поглед на еден од градските плоштади ќе бидат максимумот од вашите напори во овој град.
Организирани поаѓања-трансфери со доплата од Гевгелија, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес.
Поаѓање во 22.00 часот од Скопје на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“со туристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Темишвар.
Пристигнување во Темишвар, најголемиот и најважен град во областа Банат-Романија. Следува разгледување на градот со туристички водич: Плоштад на победата, каде што се наоѓаат зградата на Операта и Националниот театар изградена во 1872 година, Парламентарната (романска) црква на Банатската метропола, статуата на волчицата што ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим во 1926 година, репрезентативните згради изградени помеѓу 1910 и 1914 година, Плоштад на слободата, каде што се наоѓа старото градско собрание во барокен стил, статуа на Дева Марија. Поаѓање кон Плоштадот на единството, Римокатоличката катедрална црква, Барокниот дворец (поранешното седиште на српската Војводина) и Православна црква. Посета на Катедралната црква, каде што има вреден иконостас, дело на Константин Данило и мајсторот Михаило Јаниќ од Арад. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Арад, град кој го зачувал духот на минатото но зрачи со модерен шарм. Првпат е споменат во 11 век и со векови бил важен културен и трговски центар во овој дел од Европа. Бил под влијание на различни империи и култури, а највидливо е влијанието на Австоунгарија. Неговото богато минато се одразува во обичаите и архитектурата – од барокни згради до православни и католички цркви. Разгледување на градот со туристички водич, Градското собрание на булевар Револуција изграден во ренесансен стил со централна кула каде во негова близина се наоѓа спомен-плоча на жртвите од востанието во декември 1989 година против режимот на Чаушеску, Палатата на уметноста и културата изградена во комбинација од неколку стилови, Црквата на светите апостоли Петар и Павле, Плоштадот на Револуцијата, споменикот на слободата, црквата Св. Антониј Падовски-католичка црква со препознатлива барокна архитектура, Црвената црква, катедралата Св. Тројца.. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Темишвар. Ноќевање.
Појадок. По појадокот слободно време за прошетки во Темишвар или факултативна посета на бања (терме ) Амазониа. Бањата Амазониа во Романија е природна оаза со термални извори, сместена во мирна околина. Позната по лековитите минерални води со температура над 40°C, таа е идеално место за опуштање и рехабилитација. Комплексот нуди отворени и внатрешни базени, а релаксирачката атмосфера и недопрена природа го прават совршено прибежиште од секојдневниот стрес. Престој и користење на услугите во траење околу 3-4 часа. Заминување за Македонија. Пристигнување на 09/03 во утринските часови.
159 €
(9.800 мкд)
превоз и хотелско сместување



Во цената се пресметани следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- Сместување во хотел 3* во Темишвар на база две ноќевања со појадок;
- Разгледување на Темишвар со туристички водич;
- Организација и пратител на патувањето
Во цената не се пресметани следните услуги:
- Факултативна посета на Арад со туристички водич -20 евра;
- Факултативна посета на бања (терме) Амазониа со вклучена влезница -25 евра;
- Пакет факултативни посети Арад и терме Амазониа -40 евра;
- Патничко осигурување;
- Влезници за посета на културно-историски споменици
- Организирани поаѓања со доплата од следните градови:
- Гевгелија / Струмица - 500 денари
- Прилеп / Кавадарци - 500 денари
- Кочани / Штип - 400 денари
- Велес - 300 денари
Напомена за 8 МАРТ ТЕМИШВАР:
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
- За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари
- За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г
+389 2 3290 414 / +389 2 3123 125

















