Аспровалта лето 2026: Аспровалта се наоѓа околу 80 километри источно од Солун, на патот кон Кавала, а оддалечена само 8 километри од Ставрос. Брегот на Егејското Море, кој припаѓа на овој современ туристички град, со години е награден со сино знаме на Европската Унија за чистотата на плажата. Совршено уредена плажа и услуга во самиот град, забава и сместување во одбрани вили по поволни цени во прв и последен момент, како и културни настани организирани од локалното население, ги привлекуваат дури и најпребирливите. Аспровалта е идеално место за семејства со деца и за оние кои сакаат мирен одмор. Во центарот на вниманието на сите родители и деца е игралиштето во центарот на градот, кое нуди одлична забава за најмладите, а за родителите мирно попладне со кафе од блиските кафулиња.
Вила Стела се наоѓа на околу 150 метри од морето. Оддалечена е приближно 200 метри од поплочената променада на градот, каде што има голем број ресторани, таверни, продавници и супермаркети. Околината на вилата им овозможува на гостите идеален одмор. Поседува двокреветни и трокреветни студија сместени на високото приземје и на првиот кат. Сите сместувачки единици имаат бања, тераса, мини-кујна (со основни садови, фрижидер, шпорет со две рингли), телевизор и клима уред (со доплата). Постелнината се менува на половина смена ( истата ја има на располагање на спрат од вилата, гостите сами ја менуваат ). За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ, ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | АСПРОВАЛТА ЛЕТО 2026
| Вила STELA | 02.06. 12.06. | 12.06. 22.06. | 22.06. 02.07. | 02.07. 12.07. | 12.07. 22.07. | 22.07. 01.08. | 01.08. 11.08. | 11.08. 21.08. | 21.08. 31.08. | 31.08. 10.09. | 10.09. 20.09. |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ноќевања | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 |
| Студио 02 по лице | 160 | 210 | 255 | 285 | 315 | 355 | 355 | 355 | 315 | 250 | 195 |
| Студио 03 по лице | 125 | 160 | 190 | 210 | 235 | 260 | 260 | 260 | 235 | 190 | 150 |
Доплати:
- Вила STELA –климата се доплаќа 6 евра на ден по студио
Попусти за деца:
- Дете до 6 години, со користење на заеднички кревет – гратис
- Деца од 0-10 години, на посебен кревет во придружба со 2 возрасни имаат попуст од 20 евра;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.








