Будва Нова година 2026 + Дубровник + Тиват + Котор
НОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ: Ацо Пејовиќ, Емина Ј., Теодора Ш., Бијело дугме, Перпер, ЧегиБенд
Гратис посета на Св.Стефан
ФАКУЛТАТИВНИ излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро
- 1 ден: 30.12.2025 год.
- 2 ден: 31.12.2025 год.
- 3 ден: 1.1.2026 год.
- 4 ден: 2.1.2026 год.
Будва Нова година 2026: Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ „Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.
Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч.
Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување.
Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера.
Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и новогодишен концерт со Теодора Шќепановиќ, Емина Јаховиќ и Ацо Пејовиќ. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва со Бјело дугме, Перпер и Чеги бенд. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
109€ (6.750 мкд)
превоз и приватно сместување
139€ (8.600 мкд)
ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ ВО 3* ХОТЕЛ




Во цената се пресметани следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес и Куманово)
- Сместување во хотел со 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
- Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
- Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
- Посета на Св.Стефан;
- Организација и пратител на патувањето
Во цената не се пресметани следните услуги:
- Факултативен излет до Дубровник (25 евра);
- Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро (15 евра)
- Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (35 евра)
- Влезници за посети
- Патничко осигурување
Напомена за Будва Нова година 2026:
- За реализација на аранжманот Будва Нова година 2026 потребни се минимум 40 патници.
- За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта;
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.
Регистрирај се и добивај понуди и информации по е-пошта
















