Нова година 2020 Софија – новогодишен шопинг

Вклучено:
  • 1 ден: 30.12.2019 год.
  • 2 ден: 31.12.2019 год.
  • 3 ден: 1.1.2020 год.

Поаѓање за Софија од Скопје во 06.30ч , паркингот пред хотел ВИП. Дневно патување до Софија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Софија и разгледување на градот со локален водич: Катедралата Александар Невски, Националниот Театар – Иван Вазов, Руската црква Св.Николај, Црквата Св.Софија. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Софија е главниот град на Бугарија. Населението во Софиja брои над 1,3 милиони жители, и метрополитенско население од 1,7 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во рамките на Бугарија

Појадок. Посета на големите шопинг центри IKEA, RING MАLL и DECATHLON кој се наоѓа во нивна близина. Можност за прошетка низ најпозната улица во Софија – Витоша. Вечерта организиран дочек на Новата 2020 година на плоштад или факултативна посета на дискотека во Студентски град-Софија (превоз со автобус вклучен во цената на аранжманот ). Враќање во хотел. Ноќевање.

Појадок. Напуштање на хотелот, слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

76 €

(4.700 мкд)

превоз и хотелско сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички минибус / автобус на дадената релација;

  • Сместување во хотел 3* во Софија на база две ноќевања со појадок;

  • Разгледување на Софија со локален водич;

  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Факултативна посета на дискотека (20 евра – вклучен превоз до дискотека во Студентски град, влезница, 1 пијалок, кетеринг, чаша шампањско – минимум 35 пријавени лица)

  • Туристичка такса – 120 денари (задолжителна доплата во агенција)

  • Влезници за посети на културно историски споменици

  • Патничко осигурување (задолжително)

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.

+389 2 3290 414  /  +389 2 3123 125