Нова година 2022 Букурешт – Синаја – Бран – Брашов – Снагов

ПОСЕТА НА СНАГОВ (ГРОБОТ НА ДРАКУЛА)

  • 1 ден: 30.12.2021
  • 2 ден: 31.12.2021
  • 3 ден: 1.1.2022
  • 4 ден: 2.1.2022

Поаѓање за Букурешт во 13:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 15.00 часот од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и  царински формалности .

Букурешт е културна, идустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, лоциран на југоистокот на земјата и лежи на бреговите на реката Дамбовица.

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј ... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки . Вечерта можност за дочек на Новата 2022 година на некои од плоштадите во градот . Ноќевање.

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на Синаја, Бран и Брашов. Попатна посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Самиот замок ќе биде затворен за посетители и ќе има можност да се види однадвор. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови.. Ноќевање.

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Штип/ Скопје следниот ден во раните утрински часови.

109 €

(6.750 мкд)

превоз и хотелско сместување

Во цената се пресметани следните услуги:

Во цената не се пресметани следните услуги:

Напомена:

Covid 19 – Услови