Нова година 2020 Букурешт – Синаја – Бран – Брашов – Снагов

Вклучено:
  • 1 ден: 29.12.2019
  • 2 ден: 30.12.2019
  • 3 ден: 31.12.2019
  • 4 ден: 1.1.2020
  • 5 ден: 2.1.2020

Поаѓање за Букурешт од Скопје на паркингот кај хотел Вип во 15.00 часот со туристички автобус. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Букурешт е културна, идустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, лоциран на југоистокот на земјата и лежи на бреговите на реката Дамбовица.

Пристигнување во Букурешт во утринските часови, главниот град на Романија, кој често го нарекуваат и Мал Париз. Патувањето продолжува со факултативна посета на Кралскиот Дворец - Пелеш, Бран и Брашов. Посета на еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските Кралеви и негово разгледување. Пауза за надворешен разглед и фотографирање на дворецот и околината. Патувањето продолжува за Бран со посета на Дворецот на Дракула каде ќе ја дознаете вистинската приказна за легендарниот гроф Дракула и градот Брашов кој претставува вистински музеј на отворено. Слободно време за разглед и индивидуална прошетка на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Појадок. После појадокот следува разгледување на Букурешт со локален водич: Парламентот и архитектонскиот комплекс Куртлија - најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Тепеш - Дракула. Разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum - седиштето на филхармонијата, некогашната Кралска палата, Националниот музеј за историја, Патријаршијата, Триумфалната капија. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата 2020 година на плоштад во Букурешт (превоз со автобус вклучен во цената). Враќање во хотел. Ноќевање.

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Во попладневните часови поаѓање за Македонија со попатни одмори.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

105 €

(6.500 мкд)

превоз и хотелско сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

  • Сместување во хотел 2* / 3* во Букурешт на база две ноќевања со појадок;

  • Разглед на Букурешт со локален туристички водич;

  • Организација и пратител на патувањето.

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Целодневен излет до Дворецот на Дракула, Кралскиот Дворец и Брашов (превоз + влезници за посета на Дворецот Бран) - 25 евра;

  • Влезница за посета на манастирот во Снагов – 2 евра (задолжително)

  • патничко осигурување (задолжително)

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.

+389 2 3290 414  /  +389 2 3123 125