Нова година 2020 Будва – Дубровник – Котор

Вклучено:
  • 1 ден: 30.12.2019 год.
  • 2 ден: 31.12.2019 год.
  • 3 ден: 1.1.2020 год.
  • 4 ден: 2.1.2020 год.

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот; Кочани 19.45 часот; Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и новогодишен концерт со Здравко Чолич. Ноќевање.

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах - заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија.. Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ пред платото на Стариот град во Будва со богата музичка програма и концерт со Светлана Цеца Ражњатович. Ноќевање.

Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор (гратис). Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св.Лука, Св.Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. На договорено време, заминување за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во вечерните часови.

Ве водиме за Дубровник за само 10 €

89 € (5.500 мкд)

превоз и хотелско сместување

65 € (3.990 мкд)

превоз и приватно сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)

  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;

  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;

  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;

  • Посета на Св.Стефан;

  • Гратис полудневен излет до Котор;

  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Целодневен излет до Дубровник (10 евра);

  • Влезници за посети;

  • Патничко осигурување

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.

+389 2 3290 414  /  +389 2 3123 125