- 1 ден: 29.12.2019
- 2 ден: 30.12.2019
- 3 ден: 31.12.2019
- 4 ден: 1.1.2020
- 5 ден: 2.1.2020
Поаѓање за Грција во 19.00 часот од Скопје, паркингот пред хотел Вип. Патот води преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители.
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Слободно време или факултативен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол и новиот Акрополски музеј. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. Целодневен факултативен излет до Пелопонез - разглед со локален водич: Посета на Микена - древниот град на митскиот крал Агамемнон. По посетата продолжуваме кон Епидаурус - најакустичниот антички амфитеатар. Посета на гратчето Нафплион - некогашната престолнина на Грција, попатна посета на Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море). Враќање во Атина во попладневните часови. Вечерта дочек на Новата 2020 на плоштад. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за посета на стариот дел на градот – Монастираки – уживање во Новогодишната атмосфера. Посета на Пиреја - најголемото пристаниште на Балканот и нејзините Марини. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови поаѓање за Македонија.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
103 €
(6.390 мкд)
превоз и хотелско сместување



Во цената се пресметани следните услуги:
Превоз со туристички автобус на дадената релација;
Сместување во хотел 3* во Атина на база две ноќевања со појадок;
Посета на Монастираки и Пиреја;
Организација и пратител на патувањето.
Во цената не се пресметани следните услуги:
Разгледување на Атина со локален водич – 10 евра (минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот);
факултативен излет до Пелопонез- 25 евра (превоз и разгледување со локален водич);
Влезници за посети вклучувајќи ги и влезниците за Епидариус и Микена – се плаќаат при влезот (минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот);
Туристичка такса -100 денари (задолжителна доплата во агенција);
патничко осигурување (задолжително).
+389 2 3290 414 / +389 2 3123 125