8 март во Златибор (вклучена осмомартовска вечера со музика)

  • СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
  • Автобуски превоз
  • 2 Ноќевања со појадок
  • Вклучена Осмомартовска вечера со музика во ресторан
  • Разгледување на Сирогојно со локален водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • 1 ден: 5.3.2020
  • 2 ден: 6.3.2020
  • 3 ден: 7.3.2020
  • 4 ден: 8.3.2020

Поаѓање во 23.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води преку граничниот премин Табановце, Лесковац, Ниш, Краљево.. Ноќно возење со попатни одмори.

8 март во Златибор, сместен во срцето на Србија, над Ужице, на висина од 1.000 метри, има повеќе од 2.000 сончеви часови годишно и во просек 95 снежни денови. Златибор е планина која се простира на површина од околу 1000 km2, , долга е 30км, а широка и до 15км. Како се приближувате накај Златибор, така ве обзема чувство на среќа, радост, топлина, уживање. Златибор ве пречекува со целиот свој раскошен потенцијал.

Пристигнување во Златибор во предпладневните часови. По кратка пауза заминување на посета и разгледување на етно селото Сирогојно со локален туристички водич каде што може да се види културата на живеење во Златиборскиот крај од 19-от век, стари занаети, аптека, уметничка галерија, автентична златиборска крчма, продавници за рачно плетени производи..

Попладне враќање во Златибор. Сместување во апартманска населба. Слободна вечер. Ноќевање.

Појадок. После појадокот заминување на организиран факултативен излет до Мокра Гора, посета на двата града на режисерот Емир Кустурица- филмскиот град Дрвенград на Меќавник - главната куќа каде се наоѓа и кино салата, црквата посветена на Св Сава, библиотека, уметничка галерија, ресторан.., патувањето продолжува за Андриќград или Каменград - културен центар чиј творец е режисерот Емир Костурица.

Пауза за посета и разгледување на стариот мост-познатиот “Мост на Дрина“ и споменикот на Иво Андриќ. Доцна попладне враќање во Златибор. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана омомартовска вечера со музика во ресторан. Ноќевање.

Појадок. После појадокот заминување за Македонија, со попатна посета на Врњачка бања. Слободно време за прошетка и посета на некои од изворите, бањските лекувалишта, мостот на љубовта.

Пристигнување во вечерните часови.

99 €

(6.100 мкд)

превоз и хотелско сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

  • Сместување во апартманска населба на база две ноќевања со појадок;

  • Излет и разгледување на Сирогојно со локален водич;

  • Организирана осмомартовска вечера со музика во ресторан;

  • Посета на Врњачка бања;

  • Организација и пратител на групата.

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Излет до Мокра Гора, Дрвенград на Меќавник и Андриќград со локален водич – 10 евра

  • Влезници за посетите на културно-историски споменици и музеи

  • Патничко осигурување 150 денари.

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.