8 МАРТ во Виена

  • СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
  • Автобуски превоз
  • 2 Ноќевања со појадок
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Посета на Дворецот Белведере и забавниот парк Пратер
  • Посета на Designer Outlet Parndorf
  • 1 ден: 6.3.2020
  • 2 ден: 7.3.2020
  • 3 ден: 8.3.2020
  • 4 ден: 9.3.2020
  • 5 ден: 10.3.2020

Поаѓање во 17.00 часот од Скопје на паркингот кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија и Унгарија, со попатни одмори до Виена.

8 март во Виена, град на Австриското царство и Австоунгарската монархија, кога и го достигнува својот врв кон крајот на 19-от век. Омилена дестинација за милиони туристи од целиот свет, благодарение на многубројните културно-историски споменици и палати. Виена претставува светска музичка престолнина во која живееле и твореле најпознатите композитори Џозеф Хајдн, Волвганг Амадеус Моцарт, Лудвиг Ван Бетовен, Франц Шуберт, Франц Лист, Јохан Штраус….. Меѓу бројните атракции посебно место заземаат Виенската опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св. Стефан палатата Белведере, забавниот парк Пратер.

Пристигнување во Виена во претпладневните часови, град со долга традиција во уметноста и културата, преточени во театарот, операта, класичната музика, валцерите и ликовната уметност.

Следува панорамски разглед на градот со туристички водич: кружниот булевар кој го опишува историскиот центар на градот, Виенската Опера, дворецот Хофбург-зимската резиденција на Хабзбурговците, Парламентот, градската куќа-Ратхаус, Бургтеатар, градскиот парк со споменикот на Јохан Штраус, дворецот Белведере, Дунавскиот канал, станбениот комплекс Хундервасерхаус, пешачката зона катедралата Св. Стефан.

Сместување во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка. Ноќевање.

Појадок. После појадокот следува факултативна посета на Палатата Шенбрун-поранешна царска летна резиденција на Франц Џозеф, една од најважните архитектонски објекти, културно-историски споменик и симбол на моќта од династијата Хабзбург. Палатата на Џозеф ќе прерасне во империјална резиденција во текот на 18-от век. За време на владеењето на Марија Тереза, како летна резиденција, Шенбрун станал центар на дворскиот живот, при што доаѓале водечките европски државници. Во Дворецот, за царицата Марија Терезија, настапил и Волвганг Амадеус Моцарт во 1772 година, на шест годишна возраст во галеријата со огледала. Го сочинуваат преку 1.400 простории, а околу него се наоѓаат еден од најубавите паркови, ботаничка градина и музеј на кочии. Следува посета на дворецот Белведере, најубавата барокна градба во светот, подигната во 18-от век како летна резиденција на принцот Еуген Савојски. Денес дворецот претставува музеј на Австриската средновековна уметност. Слободно време или посета на познатата Дунавска кула-највисоката градба во Виена, на чиј врв се наоѓа ротирачки ресторан кој овозможува единствен панорамски поглед на градот. Можност за посета на забавниот парк Пратер. Вечерта факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање.

По појадокот посета на еден од најголемите шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Попладне, заминување за Македонија со попатни одмори.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

139 €

(8.590 мкд)

превоз и хотелско сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

  • Сместување во хотел 3* во Виена на база две ноќевања со појадок;

  • Разгледување на Виена со туристички водич;

  • Посета на Дворецот Белведере и забавниот парк Пратер;

  • Организација и пратител на патувањето.

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Факултативна посета на Дворецот Шенбрун со вклучена влезница - 30 евра;

  • Вечера во национален ресторан - 25 евра;

  • Патничко осигурување;

  • Влезници за посета на културно-историски споменици.

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.