8 март во Опатија

  • СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
  • Автобуски превоз
  • 2 Ноќевања со појадок
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Излет Плитвички езера
  • 1 ден: 5.3.2020
  • 2 ден: 6.3.2020
  • 3 ден: 7.3.2020
  • 4 ден: 8.3.2020
  • 5 ден: 9.3.2020

Поаѓање во 19.00 часот од Скопје на паркингот кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Загреб.

8 март во Опатија која претставува централна ривиера со најдолга традиција на туризмот во Хрватска. Рецептот на Опатија за успешен туризам е во средновековната архитектура на градот, со прекрасниот панорамски поглед на планините од едната страна и кристалната морска вода од друга. Опатија е комбинација од уметност, историја, традиција, море и музила или сè на едно место за оние кои се во вечна потрага по убавината…

Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Следува панорамско разгледување на градот каде ќе се видат многубројни културно-историски знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија... Следува разгледување со туристички водич на Горниот дел од градот: посета на Загребачката Катедралата, пазарот Долац, Камената порта, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак. Посета и разгледување и на Долниот дел од градот, цветниот плоштад, православната црква Свето Преображение, плоштадот Бан Јелачиќ каде заедно со цветниот плоштад се совршени места за загребачко кафе. Слободно време за индивидуални прошетки. Попладне заминување за Опатија, едно од најмонденските места на Јадранскиот брег, сместена под планината и паркот на природата Учка. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка по Опатијска ривиера. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се заминува на факултативен излет до Пула и Ровињ, популарно наречено Истарски ипсилон. Прошетка и разгледување на катедралата во Пула, изградена во ранохристијанскиот период, Арената-една од шесте најголеми римски арени. Заминување за Ровињ со посета на градскиот пазар, катедралата Св Еуфемија, градските зидини. Слободно време за индивидуални прошетки. Попладне враќање во Опатија. Слободно време за прошетка по шеталиштата, плажите, старите Австроунгарски вили, посета на паркот Св. Јаков во центарот на Опатија, изграден 1845-1860 година кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба во Опатија-црквата Св.Јаков кој датира од 15 век. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Опатијска ривиера со пијалок. Ноќевање.

Појадок. По појадокот заминување за Плитвичките езера, кои се сместени во истоимениот национален парк и представуваат своевиден бисер на Балканот, во кој се наоѓаат 16 езера од различни величини исполнети со кристална чиста вода. Езерата се меѓусебно споени со каскади и водопади од каде потекнува изворот на реката Корана. Природната целина на Плитвичките езера, прогласена е за национален парк на Хрватска во 1949 година, о од 1979 година се наоѓа и на листата на УНЕСКО. Нивно разгледување (комбинирано разгледување на езерата, движење пеш, со брод или возење со воз)... Заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

129 €

(7.950 мкд)

превоз и хотелско сместување

Smart Selection Hotel Istra - Опатија, Хрватска

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

  • Сместување во Smart Selection hotel Istra во Опатија на база две ноќевања со појадок;

  • Разгледување на Загреб со туристички водич;

  • Излет до Плитвички езера;

  • Организација и пратител на патувањето.

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Факултативна посета Пула и Ровињ -10 евра;

  • Крстарење со брод по Опатијска ривиера;

  • Патничко осигурување 200 денари;

  • Влезници за посета на културно-историски споменици и влезница за Плитвички езера.

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.