8 МАРТ во Кападокија – Анкара – Бурса

  • СИГУРНА РЕАЛИЗИАЦИЈА!
  • Автобуски превоз
  • 4 Ноќевања во хотел со појадок
  • Разглед на Анкара со туристички водич
  • Разглед на Бурса со туристички водич
  • Пакет дводневно разгледување на Кападокија
  • 1 ден: 4.3.2020
  • 2 ден: 5.3.2020
  • 3 ден: 6.3.2020
  • 4 ден: 7.3.2020
  • 5 ден: 8.3.2020
  • 6 ден: 9.3.2020
  • 7 ден: 10.3.2020

ГОСТИВАР – СКОПЈЕ - АНКАРА

Поаѓање за Турција во 13.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

8 март во Кападокија, област која се наоѓа во покраината Невшехир Анадолија, Турција. Комплексот е вклучен во списокот на УНЕСКО.

АНКАРА

Пристигнување во Анкара – главниот град на Турција и негово панорамско разгледување со туристички водич: Анит Кабир (Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк), зградите на владата и Парламентот на Турција, Кочатепе Џамијата (најголемата џамија во Анкара). Сместување во хотел. Слободно попладне во Анкара. Ноќевање.

АНКАРА – ТУЗ ГОЛИ - КАПАДОКИЈА

Појадок. По појадокот поаѓање за Кападокија – област позната по своите рељефни форми, формирани пред десетици илјади години при ерупцијата на два вулкани (Ерцис и Хасандра). Кападокија се споменува уште во библијата. Раните христијани се населиле во истоимената област за слободно да ја проповедаат својата религија. Попатна посета на второто по големина солено езеро во Турција – езерото ТУЗ ГОЛИ. Пристигнување во градот Ургуп и слободно време за негово разгледување. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

КАПАДОКИЈА (ГОРЕМЕ, ДЕРИНКЈУ, КАЈМАКЛИ)

Во раните утрински часови пред изгрејсонце факултативно можност за лет со балони над Кападокија, авантура што никогаш нема да се заборави. Сите патници кои што сакаат само да ги видат подготовките и летот на балоните ќе можат да и се придружат на групата (летот на балоните зависи од временските услови). Враќање во хотел. Појадок. Факултативно целодневно разгледување на Кападокија: посета на Националниот Парк Гореме – познат и како музеј на отворено сместен во долината Ихлара во кој се наоѓаат голем број на цркви и манастири изградени пред стотици години, посета на подземниот град Деринкју (Длабок Бунар) за кој се претпоставува дека има 20 подземни нивоа во кој можеле да живеат околу 50 000 луѓе и посета на подземниот град Кајмакли – изграден во раносхристијанскиот период, важи за еден од најдобро сочуваните подземни градови во Кападокија. Враќање во хотел. Вечера во хотел. По вечерата ораганизирана факултативна посета на Дервишки танц – церемонијална програма. Ноќевање

КАПАДОКИЈА (УЧХИСАР) - БУРСА

Појадок. По појадокот факултативна посета на тврдината Учхисар – највисоката точка на Кападокија. На прв поглед тврдината изгледа како да ја градела човечка рака, но тврдината Учхисар е дело на природата. Поаѓање за Бурса – четвртиот по големина град во Турција и вториот главен град во големото Османлиско Царство. Пристигнување во Бурса во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање

БУРСА - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Разгледување на Бурса: Големата Џамија во Бурса – изградена во крајот на четиринаесетиот век, Коза Хан – изграден по наредба на познатиот Турски Султан Бајезит II. Коза Хан е еден од првите пазари во Турција наменет за производство и продажба на свила, Орхан Гази џамијата – датира од четиринаесетиот век, Националниот Парк Улудаг.. Слободно време во Бурса за индивуални прошетки низ историскиот центар на Бурса - Осман Гази и посета на шопинг центар. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.

219 €

(13.550 мкд)

превоз и хотелско сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

  • Сместување во хотел 3* во Анкара на база едно ноќевање со појадок;

  • Сместување во хотел 3* во Кападокија на база два полупансиони (појадок / вечера)

  • Сместување во хотел 3* во Бурса - на база едно ноќевање со појадок

  • Разгледување на Анкара со туристички водич;

  • Разгледување на Бурса со туристички водич;

  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Пакет дводневно разгледување на Кападокија на 08.03 и 09.03 со туристички водич и вклучени влезници за посетите (Националниот парк Гореме, подземниот град Деринкју, подземниот град Кајмакли на 08.03 и тврдината Учхисар на 09.03) – 45 евра

  • Танц на Дервишите / церемонијална програма

  • Влезници за посети на културно историски споменици

  • Останати неспоменати услуги и посети

  • Патничко осигурување

Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 6 месеци од денот на пристигнување назад.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г.