8 МАРТ БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА
- ДВОРЕЦОТ НА ДРАКУЛА- КРАЛСКИОТ ДВОРЕЦ ПЕЛЕШ - БРАШОВ
- Автобуски превоз
- 2 Ноќевања со појадок во хотел 3* во Букурешт
- Разглед на Букурешт со локален водич
- Факултативна посета на Кралскиот дворец во Синаја
- Факултативна посета на дворецот на Дракула во Бран
- Факултативна посета на Брашов со локален туристички водич
- 1 ден: 6.3.2025
- 2 ден: 7.3.2025
- 3 ден: 8.3.2025
- 4 ден: 9.3.2025
8 МАРТ БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА
Вистинската приказна за Дракула, вистината и митот зад Николае Чаушеску и неговата Елена, скриените бисери на Букурешт, црквите скриени за време на комунизмот… и многу повеќе.
Истражете ја Романија, прекрасна земја со богата историја и фасцинантна култура.
Поаѓање во 19.00 часот од Скопје на паркинг кај СЦ “Борис Трајковски“ со туристички автобус. (Организирани поаѓања-трансфери со доплата од Гевгелија, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес). Патот води преку Софија и Русе со попатни одмори до Букурешт.
Пристигнување во Букурешт во предпладневните часови, град кој уште се нарекува и Мал Париз.
Прво, ќе направиме панорамска обиколка со автобус и локален туристички водич и ќе ги видиме прекрасно уредените градски паркови и булевари и ќе стигнеме до најголемата зграда во Букурешт – Парламентот, кој е најголема зграда во светот по Пентагон и во исто време споменик на егото на романскиот диктатор Николае Чаушеску. Продолжуваме на пешачката/панорамската обиколка на градот, плоштадот што го поврзува Парламентот со булевар Унирии, булеварот на единството – најголемиот булевар во Европа и авенија долга речиси 3 километри. На самата авенија има модерна инсталација од 44 фонтани, кои се воедно и првите целосно компјутеризирани фонтани во светот, а секоја вечер овде се одржува уникатно светлосно и водно шоу, Палатата на правдата, Букурешкиот Универзитет, седиштето на филхармонијата, Триумфалната капија, селото музеј. Слободно време за индивидуални активности.
Сместување во хотел. Вечерта можност за посета на некој од многубројните ноќни клубови. Ноќевање.
Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Трансилванија со локален туристички водич, возење низ прекрасните пејсажи на Карпатите до Синаја со посета на замокот Пелеш. Ова е еден од најубавите неоренесансни замоци, нарачан од кралот Керол I, а се наоѓа во прекрасната природна околина на Карпатите. Замокот бил летна резиденција на Керол и Елизабет, првата романска кралска двојка до 1947 година. Замокот Пелеш е познат по својот прекрасен ентериер со богата колекција на вредни уметнички дела и прекрасен мебел.
Патувањето продолжува до средновековниот замок Бран, каде ќе ја дознаете вистинската приказна за легендарниот гроф Влад Цепеш-Дракула, изграден на карпа висока 60 метри сместена на раскрсницата на патиштата од Трансилванија кон југ преку Карпатите. Во замокот повремено престојувал влашкиот принц Влад Цепеш, кој бил целосно реновиран кон крајот на 19 век за резиденција на членовите на романското кралско семејство. Посета на замокот, слободно време за фотографирање и купување сувенири. Се продолжува кон Брашов, познат и по старото саксонско име Кронштат, кој е еден од седумте историски градови на Трансилванија. Разглед на познатата црна црква од 15 век. која е најголема готска црква во Југоисточна Европа, Градското собрание чија главна кула е покриена со типични повеќебојни плочки, ќе поминеме низ најтесната улица во градот, Страда Сфори, и ќе се прошетаме низ главниот плоштад. Слободно време. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Ноќевање.
Појадок. После појадокот се заминува на уште една посета на Парламентот во Букурешт. Можност за посета на шопинг центар. Слободно време. Заминување за Македонија после пладне. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
179 €
(11.000 мкд)
превоз и хотелско сместување
![8 МАРТ БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА | visa](https://arka.com.mk/wp-content/uploads/visa.png)
![8 МАРТ БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА | mastercard](https://arka.com.mk/wp-content/uploads/mastercard.png)
![8 МАРТ БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА | mastercard 1](https://arka.com.mk/wp-content/uploads/mastercard-1.png)
Во цената се пресметани следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- Сместување во хотел 3* во Букурешт, на база две ноќевања со појадок;
- Разгледување на Букурешт со локален туристички водич;
- Вклучена туристичка такса при сместување во хотелот;
- Организација и пратител на групата;
Во цената не се пресметани следните услуги:
- Факултативен излет до Кралскиот дворец во Синаја, дворецот на Дракула во Бран и посета на Брашов со локален туристички водич -30 евра;
- Влезница за посета на Кралскиот дворец-Пелеш (приземен дел) -10 евра;
- Влезница за посета на Дворецот на Дракула во Бран -14 евра;
- Останати влезници за други културно-историски споменици и музеи;
- Патничко осигурување
- Организирани поаѓања со доплата од следните градови:
- Гевгелија / Струмица - 500 денари
- Прилеп / Кавадарци - 500 денари
- Кочани / Штип - 400 денари
- Велес - 300 денари
Напомена за 8 МАРТ БУКУРЕШТ:
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
- За секое лице потребен е поединечен пасош или лична карта со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари
- За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г
+389 2 3290 414 / +389 2 3123 125