Арка - Туристичка агенција

Switch to desktop

Лето 2016: Лефкада, Грција [2]

Лефкада припаѓа на групата Јонски острови, северно се наоѓа островот Крф а јужно Кефалонија и Итака.Нидри е живописно местокој се наоѓа на југоисток од островот, сместен долж убава плажа опкружена со бујна вегетација. Има една голема улица преполна со кафе барови, ресторани и продавници.

::   ШОК ЦЕНИ !!!   ::   ШОК ЦЕНИ !!!   ::   ШОК ЦЕНИ !!!   ::   ШОК ЦЕНИ !!!   ::

ЦЕНИ И ТЕРМИНИ

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ

lefkada

ДОПЛАТИ:

  • Вила HOMER - климата се доплаќа 4 евра на ден по студио;
  • Вила STELA - климата се доплаќа 5 евра на ден по студио;

НАПОМЕНА: Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот а постелнина се менува на половина смена. Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.

  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г, Скопје

ОПИС НА АПАРТМАНИ

ВИЛА HOMER

Вилата има големи и просторни студија и апартмани, идеална за семејство со деца. Одалечена е 80 метри од плажата и се наоѓа во мирниот дел од центарот на Нидри. Поседува студија и апартмани. Студијата се опремени со два или три кревети, кујнски дел, купатило ТВ, тераса и клима која се доплаќа. Апартманите една спална соба со три кревети а четвртиот кревет е во склоп на трепезарискиот дел каде е и кујната. Еден од апартмание е со една спална соба со два кревети и друга просторија со кревети на спрат. Апартманите се опремени со купатило, тераса, ТВ, и клима која се доплаќа. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената.

ВИЛА STELA

Сместена во мирен дел од градот, со преубав двор и базен. Идеална за одмор, на одалеченос од 400 метри од плажа. На околу 300 метри има бројни ресторани и супермаркети. Вилата поседува двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и четворокреветни дуплекс апартмани. Во четворокреветните студија, четвртото легло е фотеља на расклопување. Сите студија и апартмани имаат опремена кујна, купатило, ТВ и клима со доплата. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената.

РЕЗЕРВАЦИЈА

Резервирај го аранжманот!

Copyright © 2015 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version